Top Sport

Игуаин го стиша Бергамо, Јуве во финишот ја среди Аталанта (видео)

Фудбалерите на Јувентус 74 минути беа во негатива во Бергамо, но на крајот се радуваа на нова победа и 3 бода за задржување на табелата во Серија А. Без помошта на Кристијано Роналдо кој доби поштеда од тренерот Сари за да ја залечи повредата, Јувентус гостуваше во Бергамо, кај Аталанта во 13 коло од италијанското првенство и триумфираше со 3-1.

Првиот дел донесе помалку летаргичен фудбал без поголеми возбудувања, ако се изземе шансата за водство на домаќините. Во 18 минута Аталанта имаше шанса да дојде до водство, имаа пенал, но непрецизен беше Бароу.

Сепак тоа што го пропуштија во првиот дел, домашните го надополнија на почетокот на второто полувреме. Госенс во 56 минута погоди за ерупција од воодушевување на стадионот во Бергамо.

Овој резултат беше актуелен се до 74 минута кога аргентинскиот ас, Угуаин носи израмнување за својата екипа на асистенција на Пјаниќ. По само 8 минути истиот играч носи предност за „Старата дама“, а конечниот резултат го постави уште еден Аргентинец, Пауло Дибала со гол во 92 минута.

Јувентус со денешната победа дојде до 35 бода во Серија А, 4 повеќе од второпласираниот Интер кој вечерва му гостува на Торино.

Scroll to Top