Напаѓачот на Јувентус, Аргентинецот Гонзало Игуаин рече дека од сите досегашни тренери научил многу, но смета дека италијанскиот стратег Маурисио Сари од него го извлекол најдоброто. Игуаин и Сари соработуваа и во Наполи во сезоната 2015/2016 кога Аргентинецот постигна 36 гола.
Меѓу другите, во кариерата аргентинскиот ас соработуваше и со Даниел Пасарела, Фабио Капело, Хуанде Рамос, Жозе Мурињо…
„Многу научив од сите тренери со кои работев, но без дилеми Сари е единствен кој го извлече најдоброто од мене. Тој никогаш не се откажува. Сари е толку тврдоглав што во мојот случај ми помага. Имаме добар однос. Двајцата сме тврдоглави, понекогаш ќе се судриме, но тоа е добар конфликт“ – рече Игуаин.
Минатата полусезона беа заедно и во Челси, а од летоска се заедно во Јувентус.