Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди игра како препороден во редовите на францускиот шампион, ПСЖ. Тој денеска изјави дека би бил пресреќен ако и наредната сезона го носи дресот на „светците“ од Париз.
„Сјаен период е зад мене, но и за тимот. Се чувствувам многу убаво во Париз. Останаа 5 месеци до крајот на првенството. Кога се ќе заврши, можеме да седнеме и да разговараме. Ако можам да останам овде, би бил пресреќен“ – вели Икарди.
Аргентинскиот ас од почетокот на сезоната постигна 17 гола на 19 натпревари, вклучувајќи го и синоќешниот хет-трик против Сент Етјен во Купот на Франција.
Икарди минатото лето дојде во ПСЖ на позајмица од Интер, а францускиот клуб на крајот на сезоната има можност да го откупи неговиот договор.