Top Sport

Иниеста: Ќе бидам тренер, порано или подоцна!

Легендата на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, Андрес Иниеста изјави дека по завршувањето на играчката кариера би сакал да се проба и во улога на тренер, но и да се врати во Барселона.

Иниеста каталонскиот клуб го напушти во 2018 година, по 22 години поминати во клубот. Тој потоа премина во јапонски Висел Кобе.

„Сакам во некој период од животот да се вратам во Барселона, зборувам хипотетички. Сега се уште се чувствувам како играч. Ми останаа уште две години од договорот и не знам дали ќе имам сила да продолжам да играм фудбал, но после тоа сакам да сум тренер“ – изјави Шпанецот за „Марка“.

Еден од најдобрите играчи од средината на теренот во историјата на фудбалот со Барса освои многу трофеи, вклучувајќи 9 титули во Ла Лига и 4 во Лигата на шампионите.

Scroll to Top