Top Sport

Медведев: Се чувствував како го.но, но среќен сум за победата

Рускиот тенисер, Данил Медведев призна дека не спие баш многу пред неговиот дуел со Аргентинецот Шварцман во рамки на четвртфиналето на АТП тенискиот куп што се игра во Австралија.

Сепак, Русите успеаја да ги надиграат Аргентинците и влегоа во полуфинале. Целата работа ја завршија Карен Хачанов и Данил Медведев со нивните победи.

Медеведев призна дека одиграл многу тежок меч, затоа што бил уморен и ненаспан, но и многу нервозен.

Медведев дури двапати на мечот изгуби контрола, па силно се рекетот удри во столицата на главниот судија на мечот.

„Беше тоа напорен меч, се играше во многу тешки услови. Мислам дека спиев само 5 часа во последните два дена поради летот од Перт до Сиднеј. Се чувствував како го.но, но среќен сум поради победата“ – рече Медведев по мечот.

Scroll to Top