Top Sport

Иниеста: Меси е најдобриот во историјата, но Модриќ ја заслужи „Златната топка“

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Шпанецот Андрес Иниеста се врати во татковината за време на паузата во кинескиот фудбалски шампионат. Иниеста кој скоро две децении беше дел од Барселона, од оваа сезона настапува во Кина.

Иниеста го кажа својот став за тврдењата на легендарниот Пеле дека Лео Меси дека не е идеален фудбалер и дека Аргентинецот не е на неговото и на нивото на Марадона, а го прокоментира и изборот за најдобар фудбалер на сезоната.

„Меси е најдобриот фудбалер во историјата, ги има сите рекорди, погодува со глава, со лева и со десна нога, никогаш не сум видел некој да го прави тоа што го чини тој и секоја година тој ги надминува моите очекувања. Тоа што заврши петти во изборот за „Златна топка“ не е навреда, иако за мене е најдобар. Не е во ред да речам дека Модриќ не заслужи да ја освои наградата, имаше одлична сезона“ – рече Иниеста.

Scroll to Top