Top Sport

Рибера за Мундијалот 2019 се потпира на екс-вардарците

Македонската ракометна репрезентација, која во јануари ќе е учесник на Светското првенство 2019 година во Германија и Данска се чини најтешкиот противник во групната фаза ќе го има во селекцијата на Шпанија.

Токму селекторот на шпанската селекција Жорди Рибера го објави поширокиот список со 28 ракометари на кои ќе смета на Мундијалот, а на него може да се видат имињата на речиси сите екс-ракометари на скопски Вардар.

Рибера остави простор во репрезентацијата за незаменливиот голман Арпад Штербик, а покрај него во комбинација за настап се и Хорхе Македа, Алекс Душебаев и Жоан Кањелас.

Македонија и Шпанија својот дуел на мундијалот ќе го играат на 16. Освен Шпанија, во групата со Македонија се и селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Scroll to Top