Капитенот на италијански Наполи, Марек Хамшик веќе го најави своето заминување од клубот, а сега шпекулациите велат дека клубот од под Везув може да остане без уште една битна алка во екипата.
Брзоногиот Лоренцо Инсиње е пред заминување, за кого интерес пројавил Атлетико Мадрид.
Италијанецот кој целата своја кариера ја помина во клубот од Неапол неодамна изјави дека сака да заигра во друга лига.
Атлетико Мадрид, според неофицијалните информации, за Инсиње нуди 60 милиони евра, но претседателот на клубот, Де Лаурентис бара 80 милиони евра.
Интерес за италијанскиот репрезентативец има и од Ливерпул и Арсенал.