Дефанзивецот на Тотенхем, Белгиецот Јан Вертонген (31) би можел да биде екстра засилување за одбраната на милански Интер и тоа за беспари.
Раководството на „Нероазурите“ се надева дека бесплатно ќе го доведе Вертонген во свите редови во јуни идната година кога на дефанзивецот му истекува актуелниот договор со лондонскиот клуб.
Се подготвува реконструкција на дефанзивниот ред на Интер, а доколку се реализира трансфер на екс-одбранбениот играч на Ајакс, многу блиску до излезна врата од клубот би се нашле Андреа Ранокија и Жоао Миранда.
Интер има искуство во носење играчи без оштета. Минатото лето од Лацио го земаа Стефан де Фрај, а од Јувентус Квадво Асамоа.