Италијански „Gazzetta dello Sport“ тврди дека милански Интер е разочаран од услугите на Хрватот, Иван Перишиќ, па затоа е подготвен да го продаде за цена меѓу 40 и 50 милиони евра.
„Иван Перишиќ е на продажба. Чекајќи го летото му остануваат 6 месеци да се искупи и да ја подигне својата цена“ пишува италијанскиот весник.
Перишиќ на 24 натпревари има учинок од 3 погодоци и 5 асистенции во есенскиот дел од сезоната што само ја потврдува очајната форма на фудбалерот.
Перишиќ за Интер досега настапи на 142 меча, забележувајќи 34 погодоци и исто толку асистенции, а договорот му истекува во 2022 година.
Во Интер дојде од германски Волфсбург за 19 милиони евра, а според „Transfermarkt“ сегашната вредност на фудбалскиот пазар му е 40 милиони евра.