Милански Интер и Аталанта од Бергамо одиграа реми без голови попладнево на „Џузепе Меаца“ во рамки на 31. коло на Серија А.
Двете екипи создадоа свои шанси, но до крајот на мечот мрежите мируваа.
Римски Лацио одвај успеа да извлече еден бод на домашен терен против тимот на Сасуоло, мечот заврпи 2-2.
Домаќините поведоа со голот на Имобиле во 53. минута, а во 57. Рожерио израмни на 1-1. Шок на „Олимпико“ во 89. минута, Берарди погоди за водство на Сасуоло. Кога гостите помислија дека ќе си заминат од Рим со сите три бода, Лулиќ погоди за 2-2.
Во останатите дуели Каљари го совлада СПАЛ со 2-1, додека Удинезе по пресврт беше подобар од Емполи со 3-2.