Италијанска „Газета дело Спорт“ пренесува информација дека Интер по доаѓањето на Лукаку, не запира во намерата во Милано да го доведе и српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
„Нероазурите“ со срушија клупскиот рекорд со доведувањето на Белгиецот, но не планираат тука да застанат.
Освен СМС, мета на Интер подолг период е и Босанецот Един Џеко кој е член на Рома.
Во моментов газдата на Лацио бара 90 милиони за Милинковиќ Савиќ, па челниците на Интер се согласни да платат толкава сума ако се знае дека планираат да се ослободат од Мауро Икарди и Жоао Марио. За овие двајца фудбалерите проценките велат дека „нероазурите“ би можеле да добијат.
Доколку ова се обвистини, Србинот ќе стане најскапиот играч на миланскиот тим, затоа што рекордот што деновиве го постави Лукаку изнесува 80 милиони евра.
#Inter aren’t done yet, as La Gazzetta dello Sport claims they are planning a late swoop for #Lazio midfielder Sergej Milinkovic-Savic https://t.co/IoZfAc8rWp #FCIM #PSG #SerieA #MUFC pic.twitter.com/aanaLbIKQL
— footballitalia (@footballitalia) August 9, 2019