Управата на милански Интер по серијата лоши резултати на клубот сепак нема да го менува сега тренерот Лучијано Спалети, туку тоа ќе го стори во јуни, штом заврши сезоната, пренесува „Тутоспорт“.
Информациите се дека генералниот менаџер Бепе Марота има договор со Антонио Конте, екс-тренерот на Јувентус и Челси, од јуни да започне нов проект, да го преземе кормилото во клубот. Желбата на Конте е да не го презема клубот на сред сезона.
Во меѓувреме на Интер му претстои тешка борба за пласман во Лигата на шампиони, но „во врат“ му дишат Милан, Аталанта, Рома и Лацио.