Top Sport

Интер се одрекува од Пушкаш, тргнува по Кавани

Цело лето траат преговорите на Интер и Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку да се пресели во Милано, но и со Рома да го отстапи Един Џеко. „Нероазурите“ се обидоа да го доведат на „Меаца“ и Пауло Дибала, но неуспешно.

Сега Бепе Марота се врти кон планот Д – Едисон Кавани од ПСЖ, кој е многу поизводлив за разлика од првите три, така барем сметаат челниците на Интер.

На три недели пред крајот на преодниот рок се појави Кавани како опција затоа што неговиот договор со ПСЖ истекува идното лето, па најверојатно „матадорот“ нема да го продолжи договорот со „светците“.

Кавани на 33 меча минатата сезона постигна 23 гола до 9 асистенции, а искуството од играње во Серија А (Палермо и Наполи) му оди во прилог на Марота.

Неофицијалните информации е дека Интер му понудил на Уругваецот понуда од 27 милиони евра за тригодишен договор, со годишна плата од 9 милиони евра.

Од друга страна, „Нероазурите“ се подготвени да се одречат од услугите на младиот Романец, Георге Пушкаш, едно од најголемите откритија на ЕП У-21. За Романецот интерес покажале ЦСКА Софија и Спартак Москва. Минатата сезона младиот играч ја помина во Палермо каде на 33 меча даде 9 гола.

Scroll to Top