Top Sport

Нема промени на топ 3 на АТП, голем скок на контроверзниот Кирјос

Најдобар светски тенисер и по денешното рангирање останува Србинот Новак Ѓоковиќ. Тој веќе 263. Недели не го испушта врвот на АТП листата, додека веднаш зад него се Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ со новото рангирање има 12.415 бодови, вкупно 4.470 повеќе од Надал и цели 4.955 од Федерер.

По нив листата ја предводат Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Александар Зверев, Карен Хачанов, Данил Медведев и Кевин Андерсон.

Голем скок на листата на најдобри светски тенисери за разлика од последното рангирање забележа контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос. Тој напредуваше за цели 25 позиции, па од 50-тата, сега се наоѓа на 25-тата позиција.

Scroll to Top