Милански Интер во осминафиналето на италијанскиот Куп го совлада Беневенто славејќи со резултат 6-2, па во голем стил се пласираше во следното коло.
Мауро Икарди во третата и Антонио Кандрева во седмата минута за 2-0, а во финишот на првото полувреме погоди и Далберт за високи 3-0.
Во вториот дел Интер продолж да ја решета мрежата на Беневенто, па Лаутаро Мартинез погоди за 4-0.
Неколку моменти подоцна гостите преку Роберто Инсиње намалија на 4-1 по што следуваше нов гол на Мартинез за 5-1.
Следуваше гол на Бандинели за 5-2, додека конечните 6-2 за Интер беа дело на Кандрева во 95 минута од средбата.