Top Sport

Крамариќ со два гола го реши Нирнберг, Хофенхајм уште е во игра за во Европа (видео)

Бундеслигашот Хофенхајм попладнево на својот стадион славеше победа од 2-1 против Нирнберг. Со новите бодови тимот се врати во игра за пласман во Европа наредната сезона.

Хрватот Андреј Крамариќ во 25. минута донесе водство од пенал. Нирнберг изедначи со голот Беренс во 61. минута, а конечните 2-1 ги постави Крамариќ со гол во 78. минута.

Хофенхајм сега е на 8 место во Бундес лигата со 37 бодови, а Нирнберг е на дното во Бундеслигата, со „една нога“ во втора лига.

Scroll to Top