Шпанскиот фудбалски репрезентативец Иско сеуште е во немилост на тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари. Иско сеуште не може да го најде местото меѓу првотимците на „Кралскиот клуб“, иако повредата е веќе минато за него.
Информациите од Шпанија се дека Иско е подготвен да ја промени средината веќе во јануари, а наводно тој тоа му го соопштил на свој репрезентативен колега.
Се шпекулира дека Иско посакува да си оди од Мадрид ако понуда за него стигне од англиски Манчестер Сити, па тој да стане дел од четата на Пеп Гвардиола.
Сега на потег е управата на „Граѓаните“, но да потсетиме дека откупната клаузула за Иско е 700 милиони евра.
Не е чудо да дојде и до трампа меѓу двата клуба ако се знае дека Реал подолг период ги следи игрите на младиот Рахим Стерлинг.