Белорусите со нова извонредна партија ја исфрлија можноста Црна Гора да се бори за пласман во следна фаза. Тие славеа победа со 36-27. Ико Црногорците имаа предност од 6-4 на почетокот на мечот, сепак Белорусите додадоа гас и на полувреме замина со резултат 17-11. Во вториот дел Црна Гора се обидуваше да фати ритам, но безуспешно.
Watch the Game Highlights from Montenegro vs. Belarus, 01/13/2020 pic.twitter.com/DaH4cqXg4g
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2020
Германија потешко од очекувањата стигна до важна победа против Летонија, 28-27. Германците во првиот дел играа добро, на пауза отидоа со 16-11. Во вториот дел Летонците се вратија во мечот, но немаа сили за реми. Вардарецот Криштопанс даде 7 гола за Летонците, а најефикасни во германскиот таборот беа Кун со 8 и Генсхајмер и Друкс со по 4 погодоци.
Watch the Game Highlights from Latvia vs. Germany, 01/13/2020 pic.twitter.com/gcyyg7gbNE
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2020
Исланд ја прегази селекцијата на Русија. „Рибарите“ славеа убедливо, 34-23. Мечот беше решен уште во првите 15 минути кога на семафорот стоеше10-3. На полувреме се отиде со резултат 18-11. Вториот дел беше рутина за брзоногите Исланѓани, а селекторот Кокшаров не успеа да ја најде добитната комбинација. Елисон, Петерсон и Гудјонсон постигнаа по 6 гола за победничката репрезентација, а кај Русија Калараш постигна исто толку, додека Шишкарев застана на 4 погодоци.
Watch the Game Highlights from Iceland vs. Russia, 01/13/2020 pic.twitter.com/R3fIOL4OVp
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2020