По 5 недели гласање, во кое гласаат тениските вљубеници од 120 земји во светот, легендарниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ собра најмногу гласови за влез во тениската Куќа на славните.
Од четирите номинирани кандидати, освојувачот на Вимблдон во 2001 година заврши на првото место. На втората позиција, според бројот на освоени гласов, е Шпанката Кончита Мартинез, на третата позиција е шведскиот тенисер, Јонас Бјоркман, а додека четврти е Шпанецот Серхи Бругера.
За да биде избран во Куќата на славните, тенисерот мора да собере најмалку 75% од гласовите.
Конечните резултати ќе се знаат во јануари 2020 година за време на Австралија Опен.
Досега во Куќата на славните се примени 257 тенисери од 26 земји, вклучувајќи легенди како Андре Агаси, Мартина Навратилова, Крис Еверт, Џон Мекинро, Бјорн Борг, Мартина Хингис.