Top Sport

Иванишевиќ: Ја заслужив титулата „идиот на векот“!

Најголемиот хрватски тенисер на сите времиња, Горан Иванишевиќ во интервју за британски „Телеграф“ упати куп критики кон самиот себе за односот кон тенисот во минатото.

„Кога ми можел да го вратам времето, би променил многу работи, во својот пристап. Толку многу не сум остварил. На пример, Вимблдон 1992, па и Вимблдон 1998 требаше да ги освојам. Треба да добијам награда за „идиот на векот“. Секогаш го играв најдобриот тенис во полуфиналињата. Имав теорија дека не е добро да загубиш во полуфинале, но смееш да изгубиш во финале. Тоа беше многу погрешно. Многупати ги добивав големите играчи во полуфиналињата, а потоа во финалето играв како пи.ка. Изгубив многу големи мечеви, на ист начин, поради глупост“ – признава Иванишевиќ.

Екс-тенисерот кој сега е тренер на српскиот ас, Новак Ѓоковиќ вели дека многу тенисери кои тој ги тренирал ги немаат квалитетите што ги поседува Новак.

„Новак зборува, прашува, а тоа е квалитет кои некои луѓе го немаат. Ме изненади колку е ментално силен, колку е сериозен секој ден на тренинзите. Неверојатно“ – рече Иванишевиќ.

Хрватот дава илустрација за менталната сила на Ѓоковиќ.

„Нив тројца (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) да ги пуштиме да играат 10 меча, на највисоко ниво, верувам дека Новак би славев барем во 8. Тој е најкомплетен во оваа тројка“ – смета Иванишевиќ.

Scroll to Top