Најмногу победи во светот на тениските турнири од серијата Мастерс 1000 има Шпанецот Рафаел Надал, ама најстариот тенисер кој победил на ваков турнир е Хрватот Иво (Доктор) Карловиќ.
Во светот на машкиот тенис по хиерархија на врвот се Гренд слем турнирите (Вимблдон, Роланд Гарос, УС Опен и Австралија Опен), па следуваат АТП финалињата на кои еднаш годишно играат меѓусебе осуммината најдобри тенисери во светот.
АТП тур Мастерс 1000 го сочинуваат девет силни тениски турнири:
•	Индијан Велс
•	Мајами Опен
•	Монте Карло Мастерс
•	Мадрид Опен
•	Италијан Опен
•	Канадиан Опен
•	Синсинати Мастерс
•	Шангај Мастер и
•	Парис Мастерс
Најстариот тенисер кој извојувал победа на меч од АТП тур Мастерс 1000 е Иво Карловиќ кој на 28 минатиот месец наполни 40 години. Хрватот утре ќе игра четврто коло на Индијан Велс и тоа по вторпат во кариерата, во 2011 година играше четвртфинале на турнирот.
Карловиќ барем засега останува запишан со 40 години и 11 дена дека извојувал победа во трето коло на турнир од АТП тур Мастерс 1000.
Во среда Хрватот кој е 89. на АТП листата ќе ги одмери силите со Австриецот Доминик Тием кој е 15 години помлад од него и кој е осми светски играч во моментов.
				