Top Sport

Комичар му направи луда шега на Бекам со „страшната“ статуа (видео)

Комичарот Џејмс Корден му направи луда шега на Дејвид Бекам со статуата на прославениот англиски фудбалер.

Иако статуата на Бекам се уште не е официјално промовирана, Бекам требало да даде „амин“ за неа на пред – промоцијата на стадионот на Лос Анџелес Галакси во САД.

Лажен скулптор направил статуа која речиси воопшто не наликува на фудбалерот кој е модна светска икона. Сите вработени во клубот знаеле за местенката, а реакцијата на Бекам кога му била претставена статуата била неверојатна.

Тој нервозен тргнал да си оди од промоцијата.

Погледнете како изгледаше местенката:

Scroll to Top