Американската НБА лига им дозволи на екипите во градовите каде се олеснети рестриктивните мерки да продолжат со тренинзите, на почеток – индивидуално.
Иако НБА натпреварите се далеку од рестартирање, сепак, се чини дека е направен првиот чекор.
Се уште не е дозволено колективно тренирање, а засега играчите ќе тренираат одвоено, во безбедни услови.
„Отворањето на центрите не го приближи датумот за враќање на лигата, за такво нешто е потребно време и да се гледа широката слика“ – изјави комесарот на НБА, Адам Силвер.
Државата Џорџија, каде се наоѓа клубот Атланта е една од државите каде рестриктивните мерки се олабавени.
Генералните менаџери на тимовите и предложија на Управата на НБА лигата на повеќето играчи, доколку сакаат, да отидат во Атланта и да започнат со тренинзи.