Top Sport

Јаја Туре оди во Бразил, во Ботафого?

Фудбалскиот ветеран, 36-годишниот Јаја Туре е во завршни преговори со бразилскиот прволигаш, Ботафого. Останува само потписот, па се очекува утре, евентуално задутре да биде познато дали искусниот фудбалер ќе заигра во „земјата на самбата, фудбалот и кафето“.

Некогашниот играч од среден ред на Манчестер Сити и Барселона претходно беше дел од кинескиот второлигаш Чингдао, но му истече договорот и сега преговара како слободен играч.

Информациите од Бразил се дека Ботафого бара инвеститори кои би можеле финансиски да помогнат за Туре да стане играч на клубот.

Претходно дел од екипата стана уште еден фудбалски ветеран, Јапонецот Кејсуке Хонда.

Scroll to Top