Top Sport

Јапонците не и помогнаа на Македонија, Исланд ги совлада „самураите“ со 25-21

Ракометната репрезентација на Исланд потешко од очекувањата славеше над репрезентацијата на Јапонија со резултат 25-21 во првиот денешен натпревар од групата Б на СП во Германија и Данска.

Иако Јапонците беа достоен протиник и добро се носеа со „рибарите“ во текот на целиот натпревар, сепак победата отиде за Исланд. „Самураите“ не успеаја на Македонија да и направат услуга со евентуалната победа против Исланд, па утре „македонските лавови“ сами ќе мораат да решаваат за влез во главната фаза во Келн.

Гунарсон и Сигурмансон беа најефикасни со по 5 погодоци кај победничката репрезентација, додека кај Јапонија најефикасен беше Агари со 4 гола.

Со оваа победа Исланд се израмни со бројот на бодови (по 4) со Македонија, па во утрешниот меч ќе се решава која од овие две репрезентации ќе влезе во главната фаза.

Македонија од 20.30 часот го игра четвртиот меч на СП против Шпанија.

Во терминот од 15.30 часот на СП, во групата Д во Копенхаген Аргентина со 33-26 ја порази репрезентацијата на Ангола. Со оваа победа „гаучосите“ за момент се искачија на третото место на табелата пред вечерните дуели од групата.

Scroll to Top