Top Sport

Повторно Македонец ќе игра во Црвена Звезда (фото)

Младинскиот фудбалски репрезентативец, Страхиња Крстевски (22) ќе игра за белградска Црвена Звезда, потврдија денеска „црвено-белите“. Тој за легендарниот клуб потпиша договор до 2022 година, а во Белград доаѓа од бугарска Локомотива Софија.

Крстевски е роден во Нови Сад, па откако заигра за младинските селекции на Србија, потоа настапи и за селекцијата на Македонија.

Од Ц. Звезда информираат дека напролет Крстевски ќе го испратат на позајмица во тимот на Графичар.
Крстевски е најновата аквизиција на Звезда откако во минатото дел од клубот беа прославени македонски фудбалски имиња како Бошко и Милко Ѓуровски, Илија Најдоски, Дарко Панчев и многу други.

Scroll to Top