Поранешната тенисерка Јелена Докиќ се чини можеше да има многу поблескава кариера, ама ќе остане запаметено дека била четврта во женкиот тенис и дека играла полуфинале на Вимблдон на само 17 години.
Познато е дека имаше семејни проблеми. Татко и Дамир ја малтретирал и физички и психички, не и било лесно да ја задржи концентрацијата на теренот.
Во интервју за британски „Телеграф“ се присетила како татко и, кој никогаш не бегал од алкохолот и велел дека е „патеттична безнадежна крава“.
„Поминав низ пекол, но немав избор. Беше или да се откажам или да се борам со тоа. Во еден момент сакав да се убијам. Малку недостасуваше. Во животот секогаш бев како на тениски терен и секогаш мислев дека ќе најдам решение. И секогаш успевав. Се борев за да имам подобро утре. Верувајте ми, играв тенис уште 10 години и се борев со депресијата, а да имав адекватна поддршка, ќе бев уште долго во тенисот“ – рече Докиќ.
Никогаш после тоа не успеала да дојде до полуфинале на некој грен слем, но сепак играше полуфинале на ОИ во Сиднеј.
Од тенисот дефинитивно се повлече во 2014 година.