Пет НБА натпревари беа на ноќешната програма.
Денвер Нагетс предводен од српскиот центар Никола Јокиќ славеше во неизвесен меч против Голден Стејт Вориорс на гости со 134-131.
„Вориорси“ во текот на целиот меч имаа предност која Нагетски успеаа да ја анулираат дури во последната четвртина.
Никола Јокиќ беше на нивото со 23 поени, 12 скока и 8 асистенции, а Вил Бартон беше прв меѓу стрелците со 31 поен.
Кај домашната екипа најпрецизен беше Алек Буркс со 25 поени.
Дербито на Истокот му припадна на Милвоки Бакс кој славеше тесна победа против Бостон Селтикс со 128-123.
Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 32 поени и 17 скока, а кај Бостон се истакна Кемба Вокер кој броеше до 40 поени.
Феникс Санс славеше убедлив триумф Њујорк Никс со 121:98.
Одличен кај „сонцата“ беше Девин Букер со 29 поени, а Шпанецот Рики Рубио додаде 25 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Бостон 128:123
Њујорк – Феникс 98:121
ЛА Клиперс – Орландо 122:95
Њу Орлеанс – Јута 138:132
Голден Стејт – Денвер 131:134