Top Sport

Шок за Лампард, Анчелоти тргна со триумф, „Топчиите“ спасија реми (видео)

Лондонски Челси имаше „Боксинг деј“ за заборав откако предмалку доживеа домашен неуспех со Саутемптон во рамки на 19 коло во Премиерлигата. Момците предводени од Френк Лампард на својот стадион беа поразени со 2-0.

„Светците“ поведоа во 31 минута со голот на Обафеми, а вториот гол за гостите беше дело на Редмонд во 73 минута.

Тренерот на Евертон, Италијанецот Карло Анчелоти со победа и 3 бода ја започна авантурата во премиерлигашот. „Карамелите“ на „Гудисон парк“ минимално со 1-0 славеа против тимот на Барнли. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Калверт-Левин во 80 минута.

„Топчиите“ од Лондон, тимот на Арсенал одигра само 1-1 кај Борнмут и тоа благодарејќи на погодокот на Обамејанг во 64 минута. Со тоа новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета избегна пораз на воведниот дуел на неговата екипа, откако е тој на клупата.
Претходно, во првиот дел, Борнмут поведе со 1-0 багодарение на погодокот на Гослинк во 35 минута.

Во останатите дуели кои се играа со почеток во 16 часот, Кристал Палас славеше со 2-1 против Вест Хем, а во дербито на дното Астон Вила минимално со 1-0 го совлада Норич.

Шефилд Јунајтед и Вотфорд ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Резултати 19 коло:

Астон Вила – Норич 1-0
Борнмут – Арсенал 1-1
Челси – Саутемптон 0-2
Кристал Палас – Вест Хем 2-1
Евертон – Барнли 1-0
Шефилд (Ј) – Вотфорд 1-1

Scroll to Top