Еден од најискусните играчи во ракометната репрезентација на Македонија, Ацо Јоновски, нема да може да им помогне на соиграчите во бараж мечевите за пласман на Светското првенство.
Јоновски, играч на бундеслигашот Ратинген, се повредил минатата недела. Клубот објави дека Јоновски на еден од натпреварите во лигата се здобил со повреда на градниот кош.
Македонскиот репрезентативец по препорака на лекарскиот тим на Ретингер ќе мора да мирува во наредните три недели, што значи дека за него оваа сезона е завршена.
Јоновски, исто така, нема да може да и помогне на Македонија во јунскиот бараж двомеч против Романија.