Минатото лето Управата на Манчестер Јунајтед одби околу 120 милиони евра од Реал Мадрид за францускиот фудбалер, Пол Погба. Сега, ова лето, „црвените ѓаволи“ Французинот можеби ќе го продадат за двојно пониска цена.
„Дејли Меил“ пишува дека и во клубот и самиот Погба се согласуваат дека најдобро е летово тој да си замине од „Олд Трафорд“. Погба никогаш во целост не го оправда статусот на своевремено најскап светски фудбалер. Зад него е сезона за заборав.
Во Јунајтед се свесни за грешката што летоска ја направија. Клубот има клаузула во договорот на Погба за продолжување од една година, но на тој начин клубот би го заробил играчот.
Првата причина поради која се чини летоска Французинот ќе си оди од Манчестер е тоа што Управата на „ѓаволите“ не сака незадоволен играч во соблекувалната и ширење негативна енергија.
Засега, Јувентус е единствениот заинтересиран клуб за услугите на Погба.
Французинот летото 2016 година од Јуве во Јунајтед дојде за 105 милиони евра. За „ѓаволите“ досега одигра 150 меча, постигна 31 гол и имаше 23 асистенции.