Top Sport

„Л`кип“: Се подготвува чистка во Милан, Рангник ќе биде „три во едно“?

Троецот Паоло Малдини – Звонимир Бобан – Стефано Пиоли би можел наскоро да ја заврши својата мисина на „Сан Сиро“. Италијански Милан е подготвен на нови промени, пишува угледниот „Л`кип“.

Веќе споменатиот, Ралф Рангник од наредното лето, според пишувањата на францускиот медиум, би требало да ги преземе сите три улоги во тимот (директорските на Бобан и Малдини, како и тренерската на Пиоли).

Германецот кој моментно е директор за спортски операции во Ред Бул прифатил да се врати во тренерските води.

Рангник е некогашен аматерски фудбалер, но тренерската работа многу добро му оди. Работел по примерот на Ернст Хапел, Валери Лобановски, Ариго Саки и Зденек Земан.

Негов наследник е младиот Џулијан Нагелсман, тренерот на Лајпциг кој е еден од најталентираните меѓу тренерите во светот.

Рангник работел во Штутгарт, Шалке, Хановер, Хофенхајм и Лајпциг.

Во Милан веруваат дека Пиоли нема да издржи на клупата ниту до крајот на сезоната.

Работата на Германецот ќе биде да ги скаутира засилувањата за „Росонерите“, но и да ги води тренинзите на клубот. Во секој случај, за работа со ваков обем ќе му бидат потребни добри соработници.

Сезонава, по 24 кола, Милан има 35 бода и е на осмата позиција во Серија А.

Scroll to Top