Top Sport

Јунајтед прв „дигна рачна“, играчите прифатија 30% помали плати

По состанокот на челниците на Премиерлигата на кој беше заклучено дека првенството со сигурност нема да продолжи во мај годинава, беше предложено во сите клубови да се разговара со играчите за намалување на платите за 30%.
Прв реагираше Манчестер Јунајтед.

Првиот оперативец на „црвените ѓаволи“, Ед Видворд денеска разговарал со капитенот Хари Мегвајр и му предложил да разговара со играчите – дали се согласни д им се намалат платите за 30%. Сите играчи потврдно одговориле.

Според информациите на „Дејли мејл“, најплатениот играч на „Олд Трафорд“, голманот Давид де Хеа во наредниот месец ќе остане без 510.000 евра. Неговата неделна плата е 425.000 евра.

Французинот Пол Погба чија неделна плата изнесува 330.000 евра за овој месец ќе инкасира 396.000 помалку од договореното.

Следуваат скратувањата и кај останатите ѕвезди на Јунајтед.

Марсијал ќе земе 342.000 евра помалку, Рашфорд ќе се прости од 271.000 евра, а капитенот Мегвајр ќе остане без 258.000 евра…

Scroll to Top