Top Sport

Јунајтед рутинирано го победи Вотфорд, Хадерсфилд и официјално е второлигаш (видео)

Во рамки на 32. коло во Премиер лигата попладнево беа одиграни пет натпревари.

Манчестер Јунајтед славеше против Вотфорд со 2:1. Во 28. минута Рашфорд погоди за 1:0. Марсијал во 72 минута рутинирано ја дуплираше предноста на „ѓаволите“, а до крајот на мечот Ватфорд единствено успеа да го ублажи поразот со погодокот кој го постигна Докур во 90 минута.

Кристал Палас славеше победа од 2:0 над Хадерсфилд, со што гостите уште отсега официјално се во Чемпионшип.

На останатите пладневни мечеви во Премиер лигата беа постигнати овие резултати:

Барнли – Вулверхемптон 2:0
Лестер – Бурнемут 2:0
Брајтон – Саутемптон 0:1





Scroll to Top