Top Sport

Јунајтед, Сити и ПСЖ во „лов по Кулибали“

Стоперот на калчолигашот Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали е мета на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери во Серија А сезонава во Неапол е од 2014 година, а контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис не сака да слушне да го пушти за помалку од 100 милиони евра.

Сепак, пандемијата на коронавирусот ги помести економските параметри, па цената на дефанзивецот би можела да падне.

Годишната плата на Кулибали е 16 милиони евра, што секако ќе биде голем товар за челниците на Наполи доколку екипата не успее да се пласира и идната сезона во Лигата на шампиони.

Двата клуба од Манчестер и првакот на Франција имаат проблеми со стоперската позиција, па 28-годишниот Кулибали е идеална опција. Прашање е само кој ќе биде најконкретен со понудата.

Scroll to Top