Шампионот на Италија, торински Јувентус го осигура четвртфиналето во Купот откако вечерва без поголеми проблеми на својот стадион славеше со 4-0 против екипата на Удинезе. Во гостинската екипа, која сезонава е насочена кон борбата за опстанок во Серија А целиот меч (без реализација) го одигра македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски.
„Старата дама“ која на овој меч беше без услугите на Критијано Роналдо го отвори резултатот уште во раната фаза од мечот.
Игуаин стрелаше прецизно за 1-0 во 16 минута на асистенција на сонародникот Дибала. Само 10 минути подоцна, Јуве доби удар од белата точка. Сигурен реализатор за водство од 2-0 беше токму Дибала.
Во вториот дел, повторно аргентинското дуо Дибала – Игуаин во главна улога. Овојпат асистент беше напаѓачот, а Дибала во 57 минута прецизно бие за 3-0.
Точка на Куп натпреварот стави Диего Коста, повторно од белата точка, во 61 минута.
https://youtube.com/watch?v=rDeEHjrAcz4