Интер, Наполи, Челси, Арсенал – беа клубовите кои се споменуваа како заинтересирани за Македонецот Дејан Кулушевски (19) кој игра одлична сезона во Парма (позајмен е од Аталанта). Сепак, штом Јувентус се вклучи во трката по младиот играч кој иако има македонски корени, настапува за Шведска, тогаш „Старата дама“ доби нов перспективен играч.
Иако се уште не е официјализиран трансферот во Јуве, денеска Кулушевски е на медицински прегледи во Торино.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јуве на Аталанта ќе и исплати отштета од 35 милиони евра, а клубот од Бергамо може да заработи дополнителни 9 милиони евра од премии.
Сепак, Кулушевски до крајот на сезоната ќе остане во Парма, клубот во кој есенва постигна 4 гола, а имаше и 7 асистенции.
Јувентус не фрла пари туку-така, се верува дека има план за младиот играч кој најчесто игра како крило.
Јуве му подготви договор до јуни 2024 година со што Кулушевски ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона.
In corso al #JMedical le visite per Dejan #Kulusevskihttps://t.co/1ivNcRZERq pic.twitter.com/Ufc7yTn5B4
— JuventusFC (@juventusfc) January 2, 2020