Неодамна Арсенал се повлече од преговори за нов договор со првата ѕвезда во тимот, Пјер Емерик Обамејанг, па клубот од Лондон е подготвен да го продаде напаѓачот. Ситуацијата будно ја следи италијанскиот шампион Јувентус.
„Точиите“ не сакаат да ризикуваат па во 2021 година да останат без Обамејанг без отштета (тогаш му истекува договорот). Со тоа би се повторил случајот на Арон Ремзи кој бесплатно замина од Арсенал во Јувентус.
„Ова е пресвртница во мојата кариера. Одлуката ќе биде тешка, можеби и најважната одлука во целата моја кариера. Ќе видиме што ќе одлучам“ рече неодамна Обамејанг.
Според „Трансфермаркт“, 31-годишниот напаѓач е проценет на околу 60 милиони евра, а Арсенал е подготвен да го пушти за половина цена.
Се чинеше дека Интер е фаворит за негово доведување како потенцијална замена за Лаутаро Мартинез кој е близу до Барселона, но информациите се дека „Старата дама“ е сериозно заинтересирана за него.
Обамејанг во Лондон е од 2018 година кога во редовите на Арсенал дојде од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра.
Сезонава постигна 20 гола иако неговиот клуб нема сезона за паметење.