Јувентус попладнево со 2-1 ја победи Фиорентина и на 5 кола до крајот на годинешната сезона во Серија А повторно ја освои тутулата. Ова е осми трофеј за фудбалерите на торинскиот клуб во низа.
Сепак, денеска работите не одеа според планот на „Старата дама“. Фиорентина уште во 6 минута поведе со голот на Миленковиќ.
Израмнувањето на резултатот дојде во 37. Минута, стрелец за Јуве, Алекс Сандро. Со автоголот на Пецела, во 53 минута Јувентус направи комплетен пресврт и ги постави конечните 2-1.
Со новото Скудето, Јувентус во витрините веќе собра 33 трофеи од првата лига на Италија.
За првата ѕвезда на Јуве, Кристијано Роналдо ова е шеста национална титула, три има претходно во Шпанија и две во Англија. Сепак, куриозитет е што во Италија титула освои уште во првата сезона по доаѓањето, нешто што не му успеа во првенствата во кои настапуваше.
Двајца фудбалери на Јувентус се шампиони осум години во низа, тоа се Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи.