Top Sport

Јувентус го враќа Донарума во Серија А?

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, е на столбот на срамот во Франција откако „кумуваше“ во поразот на „светците“ од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од Лигата на шампионите. ПСЖ имаше активен резултат до половина час пред крајот, имаше вкупно два гола предност, но потоа Карим Бензема постигна хет-трик за елиминација на францускиот тим.

Токму Донарума направи голема грешка за првиот гол на Бензема, иако можеби имаше и фаул над него кој не беше санкциониран.
Денешното издание на престижниот „Газета дело Спорт“ испрати порака до поранешниот капитен на Милан.

„Дојди си дома, Џиџо!“, гласи насловната страница на најпознатиот италијански спортски весник, облечен како Мона Лиза, која своевремено од Италија беше преместена во Франција, а потоа настана скандал во обидот да се врати на „чизмата“.

Според италијански извори, Џанлуиџи Донарума би можел ова лето да го напушти ПСЖ и да се врати во Серија А, но да го облече дресот на Јувентус.

 

Scroll to Top