Top Sport

Каква бламажа, натпревар во женската АБА лига заврши со резултат 95:16

Каква бламажа се случи во женската регионална АБА лига. Во Подгорица кошаркарките на Будуќност со 79 поени разлика ја поразија загребската екипа Трешњевка 2009, конечниот резултат на семафорот гласеше 95:16 (23:10, 28:0, 35:5, 9:1).

Да биде трагедијата поголема, гостинките во втората четвртина не постигнаа ниту еден поен, додека во последните 10 минути од мечот погодија само „пола кош“.

Тимот на Будуќност моментно е на четвртата позиција на табелата во Регионалното натпреварување, додека Трешњевка 2009 е закована на дното без ниедна победа.

Scroll to Top