Top Sport

Калин Ивановски ќе игра полуфинале во двојки на турнирот во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во тандем со Лука Микрут обезбеди полуфинале на турнирот во Дубровник во игра на двојки. Тие беа подобри со 2:0 во сетови од Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.

Ивановски и Микрут во првиот сет им дозволија на ривалите само два гема, а вториот сет го комплетираа со 6:4 во гемови.

Македонскиот тенисер претходно настапи и во сингл во Дубровник и загуби во второто коло од Алдин Шеткиќ од БиХ со 0:2 во сетови (6:7, 2:6).

Scroll to Top