Top Sport

Калин Ивановски со успешен старт на турнирот во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно го отвори турнирот во Дубровник. Тој во првото коло славеше против Италијанецот Матео Донати со 2:1 во сетови.

Ивановски лошо стартуваше и го загуби воведниот сет со 6:1 во гемови, но потоа успеа да заигра многу подобро.

Во вториот сет успеа да го одземе сервисот на Донати и го доби со 6:3 во гемови, а потоа и комплетно го скрши отпорот на италијанскиот тенисер. Во третиот сет беше доминантен и славеше без загубен гем, со 6:0.

Scroll to Top