Италијанскиот фудбалски тренер, Фабио Капело истакнува дека Лионел Меси не е виновен што Аргентина не може ништо да направи на големите натпреварувања.
Гаучосите во 2008 година ги освоија Олимписките игри, но на трофеј на Светско првенство и на Копа Америка чекаат веќе 25 години.
Ниту на оваа Копа Америка не започнаа добро, воведен пораз од Колумбија со 2-0.
Иако во составот го имаат феноменалниот Лионел Меси, на голем трофеј се уште чекаат. Поради тој податок, многумина Меси го споредуваат со аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона кој стана светски шампион со својата земја во 1986 година.
„Луѓето секогаш зборуваат за тоа, но Марадона околу себе имаше подобри соиграчи, отколку што денеска има Меси. Она што и недостига на Аргентина во моментов се квалитетни играчи во одбраната и во средниот ред“ вели Капело.