Италијанскиот стручњак, Фабио Капело го спореди фудбалерот на Рома, Никола Заниоло со црногорскиот фудбалер, Дејан Савичевиќ. Капело со Црногорецот соработуваше во Милан од 1992 до 1996 година.
„Игра на истата позиција како некогаш Савичевиќ. Пред гол, од десна страна, што беше местото на Заниоло на дуелот против Ерменија. Има голем талент, како Дејан, слична сила и исти технички квалитети“ – изјави Капело за „Кориере дела Спорт“.
Младиот Италијанец игра во сјајна форма, даде 6 гола на последните 7 меча за „волчицата“ од Рим и за „Азурите“ откако Капело го критикуваше на почетокот на сезоната.
„Мојот совет е како дедо на внук. Му благодарам што реагираше по моите зборови. Демонстрираше дека би можел да биде врвен играч, кога ќе созрее. Доколку тоа не се случи, ќе биде голема штета, оти е голем талент“ – рече екс-тренерот на Милан, Реал Мадрид и Јувентус.