Францускиот ракометен ас, Никола Карабатиќ откри дека идната година, по завршувањето на Олимписки игри во Токио ќе замине во репрезентатовна пензија.
Ракометарот кој моментно е дел од тимот на ПСЖ, кој има балкански корени, за Франција настапи на 300 меча, почнувајќи од 2002 година.
„Јас морам да го намалам бројот на мечеви, а тоа ќе биде на сметка на репрезентацијата. Морам да мислам на моето семејство, здравјето, иднината и кариерата. Решив по Олимписките игри во Токио да кажам збогум. Веќе сум во години и морам да внимавам на себе“ – вели Карабатиќ.
Во неговата богата кариера постигна 1.185 гола, а притоа освои 2 злата од Олимпијадите, 3 титули Европски првак и 4 светски круни со „Галските петли“.
https://youtube.com/watch?v=WMD2cXaqo5c