Top Sport

Адетокумбо: На Мундобаскетот се чувствував како затвореник!

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Гркот Јанис Адетокумбо призна дека откако се врати од Светското првенство во кошарка во Кина повторно ужива во играта.

Милвоки на пријателски меч ја победи Јута со 133-99, а Адетокумбо покажа уште една одлична партија, со 22 поени и 11 скока.

Тој призна дека ниту малку не уживаше во своите партии на Мундобаскетот во Кина каде противниците со леснотија го запираа.

„Играјќи по правилата на ФИБА бев како затвореник. Излегов од кафезот, од ќелијата, сега сум конечно слободен. Среќен сум што повторно се вратив, што пак играв пред нашите навивачи, што покрај мене беа колегите од тимот“ – рече Адетокумбо.

Тој потенцира дека сака да игра на клупско ниво во НБА

„Тие правила, начинот на кој се игра под ФИБА е специфично. Имав чувство како да играм сам против петмина секогаш кога ја имав топката. Потполно е различно оде, повеќе сакам да играм во НБА“ – заклучи кошаркарот.

Scroll to Top