Top Sport

Касано: Марота е луд ако на Јунајтед му даде 85 милиони евра за Лукаку!

Контроверзниот италијански фудбалер, Антонио Касано и понатаму продолжува со истата практика како во минатото – да си каже се што му лежи на душа.

Екс-фудбалерот на Рома, Милан, Интер и Сампдорија се осврна на состојбите во Рома, но и за „сапуницата“ Ромелу Лукаку до Јунајтед, односно Мауро Икарди од Интер.

Касано смета дека Марота е луд ако ја прифати „играта“ на Манчестер Јунајтед и за белгискиот напаѓач им исплати на „ѓаволите“ 85 милиони евра.

„Искрено, не го сакам Лукаку како играч, поради тоа сметам дека тоа што за него го бара Јунајтед е чисто лудило и смешка“ – вели Касано.

Тој вели дека ако тој се прашува, би го жртвувал Икарди и на негово место би го донел Гонзало Игуаин од Јувентус.

„Навистина тоа би го направил, би го дал Икарди за Игуаин. Да сум вработен во Интер, тоа би бил мојот потег, оти очигледно е дека Мауро во клубот е само товар“ – смета Италијанецот.

Тој е сигурен дека за титулата во новата сезона ќе се борат Интер и Јувентус.

„Интер има топ играчи и тренер на клупата. Конте сигурно ќе го донесе Интер што поблиску до Јуве во борбата за Скудетото. Пред нас е возбудлива сезона во Серија А. Разочарам сум што Макс Алегри си отиде, но кога ќе се врати, тоа ќе биде во голем клуб“ – смета Касано.

Scroll to Top