Top Sport

Бразилецот Оскар сака во Серија А, разговарал и со Интер и со Милан

Бразилецот Оскар, со околу 25 милиони евра по сезона е четвртиот најплатен фудбалер во светот, по Меси, Нејмар и Роналдо. Тој веќе неколку сезони настапува за Шангај СИПГ, а во Кина дојде од редовите на Челси за 60 милиони евра.

Бразилецот изјави дека сака да се врати во Европа, а за италијанските медиуми потврди дека разговарал со двата милански клуба (Милан и Интер) и вели дека со задоволство би играл во Серија А.

Доколку ја промени средината, Оскар ќе мора да се „прости“ од толку големата плата, а за да заштедат, Кинезите се подготвени да го испратат на позајмица со обврзен откуп.

Прашање е дали можат Интер или Милан да му понудат макар и четвртина од сегашните примања.

Scroll to Top